ПОСРЕДУВАЊЕ ПРИ ПРОДАЖБА НА НЕДВИЖНОСТ

DIAMOND агенција ви овозможува бесплатна проценка на вашата недвижност ,но сте обврзани да потпишете Договор за соработка кој подлегнува на агенциска провизија од 1%.

Секој потенцијален купувач исто така потпишува Договор за разгледување на недвижноста (недвижностите).

ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА КУПУВАЊЕ

Цените на недвижностите објавени на интернет страната се изразени во евра.

Купопродажбата оди во денари по среден курс на Народна Банка.

DIAMOND како агенција посредува во купопродазниот процес на тој начин што обезбедува имотен лист за недвижноста и е водич во правниот дел од постапката,се додека не се заврши.

Нашата агенциска провизија за продажба на недвижност е по 1% од двете страни и стои во Договорите кои ги склучуваме.

Агенциската провизија се исплаќа со склучување на Договорот ,најдоцна до денот на Солемнизација на Договорот.

Вршиме селидби ,транспорт на мебел доколку има потреба заедно со луќе кој ке ви помогнат полесно да зачекорите во својот нов дом.

Доколку идните купувачи имаат потреба и од реновирање ,посредуваме и во тој дел. Добивате реални цени и навремено завршување на активностите предвидени со рокот.

ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ИЗНАЈМУВАЊЕ

DIAMOND агенција ви наоѓа недвижност согласно васшите барања и ве обврзува на еднократно плаќање од половина месечна закупнина (50%) на денот на изнајмување на недвижноста.

И во делот за изнајмување подготвуваме Договори за закуп кој не се наплатуваат.

Доколку се остави капар за потврда на недвижноста, за истата се издава признаница.

DIAMOND може да ви овозможи и чистење на недвижноста доколку ви е потребно пред влегување.

ПОДДРШКА НА КОРИСНИЦИ 

За било какви информации или прашања сме достапни од понеделник до сабота , со исклучок на државни празници. на контакт телефонот 070 245 213.

Compare listings

Compare